Спорт

Антиќ со седум поени во победата на Атлата над Јута

Антиќ со седум поени во победата на Атлата над Јута

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ, имаше значајна улога во победата на својот тим Атланта над Јута со 118:85 во НБа лига Тој за 11 минути на паркетот постигна 7 поени со шут од поле, 2 скока и 1 асистенција.
Најефикасен соиграч на Антиќ беше „резервистот“ Луис Вилијамс со 25 поени, додека Ал Хорфорд реализира 23 поени.
Резултати: Филаделфија – Бруклин 121:120 (продолжение), Кливленд – Милвоки 114: 111 (продолжение), Детроит – Шарлот 106:116, Мајами – Сакраменто 122:103, Индијана – Хјустон 114:81, Далас – Торонто 108:109 (продолжение), Денвер – Феникс 99:103 и ЛА Лејкерс – Минесота 104:91.
Вечерва играат: Њујорк – Мемфис, Бостон – Вашингтон, Орландо – Сакраменто, Шарлот – Јута, Детроит – Хјустон, Чикаго – Кливленд, Милвоки – Филаделфија, Сан Антонои – Оклахома, Феникс – Далас, Портланд – Њу Орлеанс, Голден Стејт – ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс – Денвер.
Пласман Источна конференција: Индијана 21-5 (победи-порази), Мајами 20-6, Атланта 15-12, Шарлот 13-14, Детроит 13-15, Вашингтон 11-13, Бостон 12-15,…
Пласман западна конференција: Оклахома Сити 21-4, Портланд 22-5, Сан Антонио 21-5, ЛА Клиперс 18-9, Хјустон 17-10, Феникс 15-10, Далас 15-11,…