Антиќ со тројка ја спаси Атланта од пораз

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ најзаслужен за победата на својот тим Атланта во НБА лига Тој со тројка во последните секунди од регуларниот дел од натпреварот се избори за продолжение во кое „јастребите” го совлада Шарлот од 118:116.

Антиќ, кој овој пат по повредата на Ал Хорфорд доби поголема минутжа, на три секунди пред крајот на мечот реализираше три поени по дизбалансиран шут со една нога израмнувајќи го резултатот на 101:101. Атланта, на тој начин, се избори за продолжение а на крајот стигна и до победата.

За 22 минути и 22 секунди на паркетот нашиот кошаркар на крај остана на само тие три поени, но имаше седум асистенции, четири скока, три блокади и една украдена топка.
„Мора да истакнеме дека Перо е нашиот спасител. Имаше феноменален шут кога сите најмалку очекувавме“ – беше коментарот од тимот на Атланта по крајот на мечот.

Милсап со 33 поени и Вилијамс со 28 поени, од кои сите десет во продолжението ги постигна од линијата за слободни фрлања. Одлично одигра и Џеф Тиг со 20 поени и девет асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.