Антиќ во група со Реал Мадрид и Црвена Звезда

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со тимот на Фенербахче во новото издание на Евролигата ќе игра во група со актуелниот европски првак Реал Мадрид, како и со неговиот поранешен клуб Црвена Звезда.

Останатите тимови со кои повратникот од НБА лигата ќе се соочи се Химки, Баерн Минхен и Стразбур, кои ждребот одреди да бидат дел од групата А.

Натурализираниот Македонец, Ричард Хендрикс, кој ќе го носи дресот на Локомотив, ќе има можност да игра против силните Барселона и Панатинаикос, а во истата Ц група ќе играат и некогаш моќниот Жалгирис, турското изненадување Пинар Каршијака, како и Зиелона Гора.

evroliga-zdreb

ГРУПА А: Реал Мадрид, Фенербахче, Химки, Црвена Звезда, Баерн Минхен, Стразбур

ГРУПА Б: Олимпијакос, Анадолу Ефес, Лаборал Куча, Армани Милано, Цедевита, Лимож

ГРУПА Ц: Барселона, Панатинаикос, Локомотив Кубан, Жалгирис, Пинар Каршијака, Зиелона Гора

ГРУПА Д: ЦСКА, Макаби, Уникаха, Бросе баскетс, Дарушафака, Динамо Сасари.

Извор: Екипа