Антикорупционерите дадоа свечена изјава

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата Горан Миленков, Игор Тантуровски, Најдо Спасевски, Сузана Таскова- Аџикотарева, Жаклина Дамческа, Сејди Халили и Фарије Алиу денеска пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски дадоа свечена изјава.

Сејди Халили, кој беше член и на претходниот состав на комисијата, рече дека ДКСК ќе работи согласно Уставот, законскиите прописи на Македонија, а посебно, како што кажа, ќе се фокусира на материјалните закони кои ги покрива комисијата во нејзиното работење.

-Сакам да нагласам дека ќе работиме чесно како што работевме, транспарентно и одговорно, изјави Халили.

Новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата беа избрани вчера на попладневното продoлжение на 43. седница на Собранието на РМ.