Антиоксидантна заштита со новата тонирана крема на Есте Лаудер

Здравата и чиста кожа се еден од најубавите подароци кои можете да си си ги подарете себеси. Есте Лаудер ви ја претставува новата тонирана крема за лице под полно име Daywear Anti-Oxidant BB creme SPF 35. Под мотото „Секоја жена може да биде убава“ овој бренд ви нуди нов пристап во постигнувањето на убава кожа.

Новата Beauty Benefit крема на Есте Лаудер е многу повеќе од тонирана дневна крема. Таа моментално ја хидрира и и’ дава совршен изглед на вашата кожа – се во еден потег.

estee_lauder_Daywear_BB_creme_FAnn_590Оваа крема е достапна во три нијанси, не содржи масла и е погодна за сите типови кожа. Се нанесува самостојно или пред да нанесете подлога за шминка.

Станува збор за мултифункционален производ кој ќе ви обезбеди проѕирно покривање. Ги прекрива несовршеностите, го контролира лачењето на себумот и сјајот на кожата пружајќи совршен изглед во еден потег.

Единствената формула ќе ви обезбеди напредна антиоксидантна заштита благодарение на Super Anti-oxidant комплексот кој е комбинација на витамин Ц, витамин Е и EGT и го неутрализира дејството на сите видови слободни радикали кои доведуваат до предвремено стареење на кожата.

Со оваа крема ќе обезбедите напредна заштита против предвремените знаци на стареење (оптимално ја штити кожата со широк спектар на заштита SPF 35). Пигментираните рефлектирачки честички ги минимизираат несовршеностите на кожата и го изедначуваат тенот, а рефлектирачките честички и’ пружаат на кожата блескав сјај.

Благодарение на хијалуронската киселина кремата пружа долготрајна и длабинска хидратација.

Оваа дневна крема има препознатлив мирис на краставица и пружа чувство на свежина, што карактеристично за дневната линија на производите на Есте Лаудер.