Антисемитската изјава на Жан Мари Ле Пен наиде на осуда

Активистите за борба против расизмот „СОС Расизам“ вчера го осудија како „најголема антисемитска валканица“ ветувањето кое го дал основачот на „Националниот фронт“ и нејзиниот поранешен лидер Жан-Мари Ле Пен дека ќе ги стават своите критичари на нивно место користејќи притоа игра на зборови која асоцира на нацистичките говори за гасни комори.

Ле Пен на снимката на сајтот на „Националниот фронт“ споменал бројни критичари меѓу кои поп ѕвездата Мадона и францускиот пејач и бившиот тениски шампион Јаник Ноа.

СОС Расизам соопшти дека ќе поднесе жалба „наредните денови“ против Ле Пен, чија ќерка Марин го превзема местото на лидер на Националниот фрон во 2011 година, пренесеоа медиумите,

Групите „Движење против расизмот“ и „Пријателство меѓу народите“ исто така се најавиле поднесување на жалби против Ле Пен, нарекувајќи го „автентичен антисемит“.