Свет

„Антитерористичка акција“ во Киев

„Антитерористичка акција“ во Киев

Украинската безбедносна служба соопштила дека ќе спроведе антитерористичка операција откако радикалните демонстранти поседуваат 1.500 парчиња оружје.

Во соопштението се наведува дека „радикалите набавиле 100.000 парчиња куршуми во последните 24 часа“.

„Во Украина ескалира насилство и се забележува масовна употреба на огнено оружје во рацете на екстремистичките групи. Во многу делови од земјата се провалува во државните згради, воените објекти и магацините со муниција“, се наведува во соопштението.

Првиот човек на украинската безбедност, Александар Јакименко најавувајќи опсежна акција ширум земјата рекол дека „во овие моменти горат зградите на судовите и дека вандали уништуваат приватна сопственост и убиваат цивили“.

„Денеска се случува свесна и со цел употреба на насилство со палење, убиство, земање заложници, заплашување на населението поради постигнување на криминални цели. Сето тоа со употреба на огнено оружје. Тоа веќе не е феномен на тероризам, туку конкретен терористички акт“, се додава во соопштението.

Службата ги повика сите Украинци на смиреност, за да се задржи редот и мирот во земјата, а веќе почнаа да се спроведуваат посебни безбедносни мерки, за да се одржи безбедноста и во градовите и на границите.

„Претседателот Јануковиќ е известен за почетокот на операцијата“, вели Јакименко.

Неколку часа пред да се огласат властите, демонстрантите, кои ја заземаа административната зграда на украинскиот Лавов, прогласија „народна власт“. Јавено е дека полицијата и војската пред нив го положиле оружјето и дека од затворите се ослободени сите затвореници.