Антитерористичка акција на МВР, се апсат членови на ИСИЛ

Антитерористичка акција на МВР, се апсат членови на ИСИЛ
Антитерористичка акција на МВР, се апсат членови на ИСИЛ

Полицијата во моментов спроведува голема антитерористичка акција на повеќе локации во Македонија против припадници на ИСИЛ во земјава.

Оваа антитерористичка акција според првичните информации е насочена и против лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации.

Апсења во повеќе градови

Полицијата врши претреси и апсења во повеќе градови. Во Скопје, Струга и Куманово уапсени се неколку лица, но во тек се и претреси во објекти во Гостивар и други локации.

Полицијата влегла и во придружни објекти на џамија во Скопје која веќе подолго време не е под контрола на Исламската верска заедница.

Од МВР ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден по завршувањето на големата антитерористичка акција.

Кумановка и се приклучи на Исламска држава

Кумановка и’ се приклучила на Исламска држава, откако побегнала од дома пред неколку месеци.

Станува збор за осумнаесетгодишна девојка, кој моментно најверојатно е во редовите на Исламска држава во Ирак.

Девојката најверојатно се омажила

Кумановката и’ се приклучила на Исламска држава, откако побегнала од дома пред неколку месеци, а татко и’ рекол дека е подготвен да стори сè што е можно за да ја врати ќерка си дома. Девојката бегалка во разговор со семејството рекла дека е во Ирак и дека се чувствува безбедно.
З.К. била во контакт со другарки од Косово, за кои се претпоставува дека биле регрутирани од Исламска држава во исто време, велат членовите на семејството.
Терористички напад се случи во кумановско Диво насеље на 9.мај годинава, при што животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни служби во големата антитерористичка акција. Претходно беше извршен терористички напад и на караулата во Гошинце, каде за среќа немаше човечки жртви, но беше украдено оружје.