Антивоен протестен марш во Атина

Групи активисти против војната и за поддршка на бегалците синоќа одржаа протестен марш во центрот на Атина, извикувајќи слогани против војната и бомбардирањето во Сирија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во мирниот марш исто така учествуваа и бегалци од камповите во Лаврио, Елеонас, Елефсина и Сакарамангас.

Демонстратите, кои кусо време застанаа пред грчкиот Парламент и канцелариите на Европската унија, бараа отворени граници, еднакви права и заштита на бегалците, како и ставање крај на војната во Сирија и вклучување на децата бегалци во грчките училишта.

Маршот заврши пред Американксата амбасада во Атина.