Антонио Бандерас доживеал инфаркт?

Шпанскиот актер Антонио Бандерас итно е однесен во болница поради срцеви проблеми.

Според пишувањето на британскиот портал „Сан“, на 56-годишниот актер му се слошило во четвртокот, за време на вежбањето, кога почувствувал „ужасна болка во градниот кош“.

Бандерас набрзо бил префрлен во Болницата Свети Петар во Чертси во Англија. Таму останал на набљудување, а бил пуштен кога било утврдено дека кризата поминала.

Бандерас за „Сан“ потврдил дека му се слошило и додал дека му се заблагодарува на медицинскиот персонал на брзата реакција.