Антонио Бандерас ќе го игра Пикасо во американска серија

Холивудскиот актер Антониот Бандерас ќе го глуми славниот шпански уметник Пабло Пикасо во втората сезона од американската серија „Гениј“ која ќе се занимава со сликарот кој токму како и актерот потекнува од шпанскиот град Малага.

„Ќе го играм Пиаксо во втората сезона од серијата Гениј којашто ќе се прикажува на американските канали Fox и National Geographic, а потоа и меѓународно“, изјави Антониот Бандерас во францускиот град Довил каде учествува на фестивал на американскиот филм.

Првата сезона од оваа серија беше посветена на славниот физичар Алберт Ајнштајн.

„За мене ова претставува многу голем ангажман. Ќе снимаме од почеткот на ноември до крајот на март. Првите епизоди треба да бидат прикажани во април или во мај, на американките канали“, рекол 57-годишниот Бандерас.

Актерот кој се прослави со филмовите на култниот шпански режисер Педро Алдомовар, подоцна својата кариера ја продолжи и развиваше во САД.

Во Довил Бандерас допатува да го претстави филмот кој се прикажува вон конкуренција „Music of silence“, на британскиот режисер Макјл Радфорд. Во филмот инспириран од животот на слепиот италијански тенор Андреа Бочели, Бандерас ја толкува улогата на маестрото кој ќе ге поттикне пејачот животот да го посвети на музиката.