Антонио Бандерас во улога на Џани Версаче

Антонио Бандерас ќе ја толкува улогата на трагично настраданиот моден дизајнер Џани Версаче. Филмот за еден од најголемите модни икони на сите времиња ќе ја доживее својата премиера следната година.

 

Филмот, како што наведуваат странските медиуми ќе го режира Били Аугуст, а истиот ќе почне да се снима во декември.

Првите кадри ќе се снимаат во Милано, каде Версаче беше убиен од Ендру Кунан во 1997-мата година. Интересно е тоа што овој филм ќе се снима без одобрение на семејството и модната куќа „Версаче“.

 

Компанијата  ниту го авторизираше, ниту пак учествуваше во реализацијата на филмот чие што снимање е во план и се што ќе биде претставено е резултат на фикција, соопштија претставници на „Версаче“.

Инаку, претходно медиумите пишуваа дека Антонио Бандерас зема курсеви по моден дизајн. Дали овие курсеви имаат некаква поврзаност со улогата во најавениот филм останува да видиме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.