Апанажата што ја бара Виолета Дума е незаконска

Собраниската Комисија за избори и именувања дополнително ќе одлучува за барањето на Виолета Дума, како сега веќе поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК), да добие апанажа во траење од една година и тоа во висина за нејзината плата.

Проблемот со Дума е тоа што таа веќе одамна ги исполнила условите за пензионирање и законски не и’ следува апанажа. Сепак,  очигледно поранешната судијка повеќе е заинтересирана за големиот износ од апанажата, кој би го земала во висина на плата од ДИК и надминува 1.000 евра месечно, отколку пензија.

Заедно со Дума, уште четворица поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК) поднесоа барања за апанажа. Но, тие ќе добијат апанажа во траење од една година, одлучи во вторникот собраниската Комисија за избори и именувања.

Апанажа ќе добијат поранешниот претседател на ДИК, Чичаковски, како и членот од редовите на СДСМ, Милев, но и Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Јакупи од ДУИ. Притоа вредно е да се напомене дека членовите на ДИК поднесоа оставки по обелоденувањето на скандалот со делење високи бонуси на изборите, кој го обелодени во јавноста американскиот амбасадор Џес Бејли.

Виолета Дума годинава полни 67 години и одамна ги исполнила законските услови за заминување во пензија. Со тоа нејзиното барање е вонајмала рака неетички. Меѓутоа, бидејќи во член 19 став Законот за плати и други надоместоци е ставено дека „пратеник, функционер и раководен работник не може да го стекне правото апанажа, ако ги исполнил условите за стекнување право на старосна пензија, согласно со закон“, очигледно дека апанажата на Дума е и незаконска.

Инаку, поранешната судијка Дума, уште кон крајот на 2015 година требаше, по сила на прописите за работниот стаж да замине во пензија, откако набрзо претходно беше избрана на оваа функција на предлог на СДСМ. Остана нејасно зошто воопшто Дума тогаш беше избрана за член на ДИК кога таа веќе ги исполнувала условите за пензија. Како што беше тогаш објаснето, било профатливо Дума да остане во ДИК додека не наполни 65 години. бидејќи има законски можности за тоа, со давање изјава во секоја година, но до 67-годишна возраст. Тогаш Дума поднела барање, но врз основа на автентичното толкување каде што се наведува дека доколку со материјални закони се уредени условите под кои престанува функцијата на избраните и именуваните лица поради исполнување на условите старосна пензија, не може да се применуваат одредбите од Законот за работни односи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.