Апасиев до Рашковски: Подлизурко!

Професорот и член на раководството на партијата Левица, Димитар Апасиев, објави преписка со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Според објавениот дел, Рашковски го повкува Апасиев да одат во МЕНСА за да видат „на што почивала посебноста на професорот“ , додека Апасиев му одговара кратко со „подлизурко“.

Апасиев во својата објава вели:
ГенСекот се јави… Навистина се јави
p.s. Во препискава има и закани дека ќе ги затворале таквите „селски школи“ на кои сум предавал.
Срцки комуњарски! Најдовте црква за крстење

Првично, назначувањето на Рашковски за генерален секретар на Владата, предизвика бурни реакции кај јавноста, а Апасиев уште тогаш напиша Фејсбук статус во кој посочи дека Рашковски бил еден од „понекадарните студенти-гзолижачи“.

Нешто подоцна, Апасиев  јавно го обвини Рашковски дека лажел дека има два докторати и дека навел лажен податок во работната биографија објавена на веб-страницата на Владата.

Имено, од јавно објавениот Билтен на УКИМ бр. 1149 еден месец подоцна, т.е. на 30 јуни 2017 на страна 30 се гледа дека Рашковски во моментот на избор на функцијата немал ниту објавена Одлука за прифатена тема за докторска дисертација, што е иницијална фаза за докторирање – а камоли ‘одбранет докторат’!? Според Правилникот на Универзитет ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години, напиша Апасиев на „Фејсбук“.

Приватниот живот го држам на страна, а двата докторати ми се готови, одговори тогаш генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на обвинувањата од Димитар Апасиев од Левица.