Македонија

Апасиев: Џабе го носевте, ќе ви го кутнеме на Уставен

Апасиев: Џабе го носевте, ќе ви го кутнеме на Уставен

Незадоволство и лавина реакции по денешното скандалосно и неустано изгласување на Законот за двојазичност.

Собранието на Република Македонија со 64 гласа „за“, без против и воздржани го донесе Законот за јазиците, без амандманска расправа.

Покрај укажувањата на многу интелектуалци, аналитичари, угледни професори, па и на претседателот на државата Ѓорге Иванов, за ризиците што ги носи овој закон, неговата неусогласеност со Уставот на Република Македонија и непримерното ставање на европското знаменце, законот денеска помина во Собранието.

Професорот Димитар Апасиев од Левица, кој и досега предупредуваше на неуставноста на овој Закон, најави иницијатива за оценка на уставноста на Законот и негово „кутнување“.

Тој во својот блог, вели дека „недозволиво и правно невозможно е со т.н. обичен закон да се уредува правна материја за чие регулирање e потребно минимум квалификувано мнозинство гласови по сила на устав. Претседателот на Собранието има само два избора: или пратениците ќе мора да ги разгледуваат 35.000 амандамни или законот ќе мора да падне во заборав, додека пак претседателот на државата ќе има право да се повика на т.н. џебно вето“.

Солза Грчева, претседателка на новата политичката партија „Глас за Македонија“, како статус на својот ФБ профил напиша:

На криминален начин, со кршење на Деловникот на Собранието, тајфата го донесе законот за јазици. Ова не е Собрание, ние не го признаваме за наше. Македонија не смее да биде заложник на уценетата влада и на уценетите политичари. Марш багро од нашата земја. Одете и бидете земјани, гуштери, што и да сакате. Македонци не сте.
А Законот ќе се врати назад!

И академикот Катица Ќулавкова по гласањето на Законот за јазици со Собранието, се огласи на социјалните мрежи.

-Законот за јазиците не обезбедува јазични права на Албанците, оти сите јазични права тие ги добија со Законот од 2008. Овој Закон ги укинува македонските јазични права и воведува јазична диктатура на албанскиот во РМакедонија. Федерализацијата е игра во споредба со штетата што овој Закон ќе ја нанесе на македонската држава, нација и демократија, пишува академик Ќулавкова.