Македонија

Апасиев: Заев треба да лежи затвор ако крие докази за „Монструм“

Апасиев: Заев треба да лежи затвор ако крие докази за „Монструм“

Димитар Апасиев, доцент на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип и член на Президиумот на партијата Левица, на својот профил на „Фејсбук“ ги коментираше најновите случувања поврзани со судењето за предметот „Монструм“.

Според Апасиев, за попречување на правдата, односно да поседуваш, а не даваш докази за убиство се лежи во затвор, мислејќи на премиерот Зоран Заев.

Горан Наќевски, татко на убиениот Александар, денеска го обвини Заев дека откако склучил коалиција со ДУИ манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“.

Кога бевме на една средба кај Заев рече дека ќе ни даде шест разговори кои се водат како државна тајна за шест функционери на ДУИ, но подоцна тие станаа пет. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги посочи и покажа транскриптот од разговорот меѓу Невзат Бејта и Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие пет државни тајни. Бараме претрес да се изврши во моментов во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме, рече Наќевски.