Апасиев: Законот за јазици е противуставен

P

Законот за јазици е противуставен, и треба да се повлече смета Димитар Апасиев, долгогодишен активист на Движењето за социјлан правда „Ленка“, сегашен член на Левица.

„Законот за јазици е ПРОТИВУСТАВЕН, Повелечето го, оти превно ќе го собориме“, порачува професорот и доктор по правни науки Димитар Апасиев реагирајќи на Законот за јазици кој го предлага владата предводена од СДСМ.

Untitled

Законот што неодамна го претстави нејзиниот предлог за закон за јазикот, со кој како што тврди се „унапредува употребата на јазиците во заедниците“. Меѓутоа, стручната заедница, како и политичките субјекти во државата во прв ред, предупредуваат, дека не станува збор за закон за јазици туку за воведување на двојазичност со која албанскиот се изедначува со македонскиот на територијата на целата држава.

По одлуката на Владата да го усвои предлогот за Закон за јазиците, пред пет дена, се јавија голем број реакции на социјалните мрежи во коишто политички аналитичари, професори, припадници на невладините организации, разни здруженија, коишто го споделуваат ставот дека донесувањето на тој закон е грешка, дека е наменет за подигнувањето на статусот на само една етничка заедница во земјата, спротивно на уверувањето на премиерот Зоран Заев дека се однесува на сите етнички заедници, а исто така преовладува ставот дека овој предлог претставува чекор кон претворање на Македонија од мултинационална во бинационална држава.

clen-430x400

Една од оние кои реагираат е политичката аналитичарка Јорданка Ивановска – Јоци, која на својот фејзбук профил напиша дека „Ова не смее да се дозволи и оти на потег се претседателот Ѓорге Иванов и Уставниот суд“.

Според Ивановска, Заев со својата изјава по повод донесувањето на предлог-законот, се обидел да ја излаже јавноста оти законот има за цел да ја унапреди употребата на јазиците на сите заедници во Македонија.

„Заев со изјавава целосно ја потцени јавноста-мисли не знаеме да читаме, не го гледаме она во заградите, глупи сме и немаме капацитет да сфатиме дека ја унапреди употребата на албанскиот јазик на цела територија на Македонија. Без попис.

Каде се во заградата српскиот, ромскиот, турскиот, бошњачкиот, влашкиот јазик?

Поточно, со колнеше на 17 мај 2015 година во мултинационална држава, а откога дојде на власт создава бинационална“, напиша популарната Јоци на фејсбук.

Покрај неа, со свој став на социјалните мрежи се огласи и професорката Билјана Ванковска, која смета дека предлогот за измена на Законот е донесен во спротивност со сите демократски принципи, односно без каква и да е јавна дебата во која јавноста би го искажала своето мислење за него. Напротив, овој закон се донесува под влијание на не надворешни интереси, наведува професорката.

otsto-640x192

„Венецијанска комисија ќе консултираат, амбасадори се изјаснија, граѓаните се небитни“, објави Ванковска.

Реагираше саркастично и политичкиот аналитичар Васко Ефтов, кој повеќепати предупредуваше на идејата на Заев за прифаќањето на ткн Тиранска платформа има намера Македонија да ја претвори во двонационална држава.

„Двојазичност на македонски начин: Заев ќе стане Зеколи!“, кусо напиша Ефтов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.