АПЕЛ: Да помогнеме на 13-годишниот Давид да избегне ампутација на ногата!

Битката за враќање во нормален живот за младиот кратовец Давид Стојановски (13) продолжува. Момчето кое боледува од остеобластична саркома (малигна неоплазма во коленото), по кратко подобрување на состојбата, повторно има влошена здравствена состојба.
Неговиот родител Игор добил предлог од лекарскиот тим на скопските клиники да му биде ампутирана едната нога и со тоа да се реши проблемот со малигнитетот.

Во меѓувреме таткото бил во посета на реномирана австриска клиника, каде му гарантирале дека проблемот ќе го решат без ампутација на ногата на Давид. Проблемот е што семејството на Давид ги нема потребните 50.000 евра, колку што бараат Австријците за операција на Давид. Во меѓувреме, Игор поднел документи за покривање на трошоците за лекување од страна на Фондот за здравство, но постапката е во тек и сеуште не се знае дали средствата ќе бидат одобрени.

Без разлика на исходот, ги повикуваме сите граѓани и институции еден мал дел од својот буџет наменет за новогодишните празници да го донираат на трансакциската сметка на Давид Стојановски, тоа е најмалку што можеме да направиме за да ја вратиме насмевката на Давид, детето кое сонува да биде фудбалер, а судбината му се заканува да му ја одземе токму ногата со која шутира.
СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА : 320500021549404
Централна Коперативна Банка АД
на име Билјана Китановска
сметка 320500026110053
Игор Китановски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.