Апел од ФЗОМ до невработените: Пререгистрацијата завршува в понеделник

Од фондот за здравствено осигурување упатуваат апел и потсетување до сите невработени лица да извршат пререгистрација, која што започна на трети февруари, а трае до 31-ви март.

Оваа обврска се однесува и за сите оние кои се регистрираа во 2013 година, да се пререгистрираат во соодветната подрачна служба на Фондот според местото на живеење.

Осигурениците кои треба да се регистрираат/пререгистрираат во подрачната служба на Фондот во Скопје, заради заштеда во време и пари кои ги губат патувајќи до центарот на градот каде е сместена Подрачната служба на ФЗОМ во Скопје, можат да се регистрираат/пререгистрират во задолжителното здравствено осигурување и во истурените шалтери на подрачната служба на ФЗОМ во Скопје сместени во Поликлините на здравствениот дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто, Шуто Оризари како и во зградата на општина Илинден.