Апел од Град Скопје до граѓаните, прочитајте ги препораките

препораките

Доколку навреме не се исчисти снегот од приодите до објеките, постои можност од појава на голомразица што ќе го отежни движењето на граѓаните и извршувањето на секојдневните обврски. Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и согласно надлежностите интензивно ги расчистува градските улици и булевари, плоштадите и приодите до јавните институции и згради., соопштуваат од Градот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.

Во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.