Македонија

Апел од МВР: Не употребувајте оружје, петарди и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол

Апел од МВР: Не употребувајте оружје, петарди и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи, во пресрет на новогодишната ноќ, апелира до граѓаните максимално да се воздржат од употребата на огнено оружје, петарди или други пиротехнички средства, како и од други нарушувања на јавниот ред и мир.

На учесниците во патниот сообраќај, пак, МВР им порачува да бидат внимателни и дисциплинирани и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да поседуваат зимска опрема и особено да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи како и во претходните години и овојпат ќе ги зајакне позорните и сообраќајните патроли, пред се на местата и објектите каде што ќе се организира пречек на Новата година.