Апел од Општина Аеродром да не се паркираат возила на патеката на кејот на Вардар

Апелот, како што наведуваат во соопштение, се однесува и на возачите на мотори и скутери, бидејќи на тој начин не само што се уништува патеката, туку и се попречува движењето и безбедноста на велосипедистите и ролерџиите за кое е, всушност, наменета велосипедската патека.

Во него додаваат дека со поплаки до Општината дека велосипедската патека ја користат несовесни возачи на автомобили и мотори, се обраќаат голем број граѓани и здруженија, меѓу кои и неформалната група на скопски велосипедисти „НаТочак“.

Од Општина Аеродром ја повикуваат и полицијата да ги преземе неопходните мерки за отстранување и казнување на возачите што непрописно се движат по патеките или се паркираат на овие недозволени места.