Апел од ТВ Нова: СЈО сака да нѐ замолкне, потребна ни е солидарност и поддршка

-Целта на поведената истрага и неоснованото барање за притвор против сопственикот на ТВ Нова е обид за финансиска блокада на медиумот преку која би се влијаело на нашата работа и би се обиделе да нѐ замолкнат во нашите напори објективно да ја информираме јавноста за се што се случува. Членот 10 од европската конвенција за човекови права е јасен. ‘Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа’.

Слободата на медиумите е основа на секоја демократија. Правото на граѓаните да добијат точна, проверена и навремена информација е неприкосновено за секоја демократска земја.

Тоа што го прави СЈО во моментов е сериозно погазување на демократијата и ограничување на слободата на медиумите. Денес на удар на СЈО е ТВ Нова, а утре на ваков удар може да биде кој било медиум. Почитувани колеги, затоа ни е потребна вашата солидарност и вашата поддршка. ТВ Нова може да биде репресирана и прогонувана, но ќе остане слободна, објективна и на страна на граѓаните“, пишува во апелот на ТВ Нова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.