Апел за донација за урнатата куќа на семејството Ристоски

Потребна е поддршка со донации за  доизградба на куќа на петчленото семејство Ристоски од тетовското село Сиричино.

Куќата, која беше стара повеќе од 50 години, се урна во декември лани поради дотраеност и интензивните врнежи, а Ристоски продолжија да живеат кај соседи.

Во активностите за изградба на нов дом на сиромашното семејство се вклучи Здружението „Градиме иднина“ со барање на потребните донации. Досега, како што информираат, е поставена првата плоча, носечките столбови и е изѕидан внатрешниот дел.

Неопходна е, укажуваат, натамошна поддршка и помош. За да се заврши проектот потребни се следниве средства: фер греди – 30 парчиња од 2 метри, фер греди 50 од 3,8 метри,  45 греди од 6 метри за покрив, монте 4 палети, кадрони 5х5 за 120 м2, надворешна влезна врата со едно крило за куќа, 40 вреќи од 50 ккилограми усјемал, 11 кубици готов бетон (2 миксера од 5,5 м2), 110 м2 лим, плочки ѕидни 30 м2, плочки подни 10 м2, лепак за плочки 10 вреќи од 25 килограми, у-врска 5 кг, електрични кабли (за куќа од 85 м2), глет маса (за куќа од 85 м2), поликолор (за куќа од 85 м2), автоматски осигурувачи 20, табла за автоматски осигурувачи, ламинат и филц за 85 м2, цевки, колена и вентили за ВЦ, информираат од „Градиме иднина“.

Донации може да се испратат на броевите 070-075-077 143 999 или на жиро сметката на здружението бр. 300-0000036543-17, Комерцијална банка АД Скопје.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.