Апел за помош на Чешиново-Облешево, да ја покажеме хуманоста

Општината Чешиново-Облешево на својата веб страна објави апел за помош за загрозените од нејзиното подрачје по поплавите кои настанаа од надојдените води на реката Брегалница и нејзините притоки.

Својата донација можете да ја дадете и на телефонските броеви:

075 143 400
070 143 400
077 143 400

Во апелот се вели:

Почитувани,

Поради надојдените води од река Брегалница и сите нејзини притоки и суводолици територијата на општина Чешиново-Облешево беше зафатена од поплави. Поплавени се многу домаќинства и земјоделски површини. Три села се отсечени и во моментот работи механизација за да се стигне до истите.

По извршени анализи на Центарот за јавно здравје Кочани, водата хемиски и бактериолошки не е исправна за пиење. Со помош на противпожарните единици до селата со цистерни се носи техничка вода.

Добредојдена ќе ни биде секаква материјална помош и тоа најмногу во вода за пиење.

Можете и да донирате на следната сметка:

772014046063012 – Буџетска сметка на Општината

725939 – приходна сметка (други неданочни приходи)

Однапред ви благодариме,

Општина Чешиново-Облешево

Градоначалник Костадин Личков

Апелот на општината можете да го погледнете на следниов линк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.