Апелација го продолжи притворот на пратеникот Мукоски

Апелациониот суд Скопје ја одби во средата жалбатана опозицискиот пратеник Крсто Мукоски и одлучи да го прифати првостепеното решение на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со коешто му беше определена мерка притвор.

Според одлуката на второстепениот суд, Мукоски останува во Истражниот затвор во Шуто Оризари, додека заа жалбите на, исто така, пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски, каоо и за режисерот Борис Дамовски, сè уште нема одлука.

Досега Апелациониот суд не прифати ниту една жалба која беше поднесена од осомничените за минатогодишните настани од 27 април, а со која тие бараа да им се укине мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство. За сите осомничени беа потврдени првостепените решенија донесени од скопскиот Кривичен суд.

Не беше прифатено ниту барањето на Вишото јавно обвинителство Скопје на актерот Владо Јовановски да му биде определена мерка куќен притвор, и за него Апелациониот суд во Скопје донесе одлука да му биде продолжен притворот.