Апелација го врати „Детонатор“ во првостепена постапка

Апелацискиот суд Скопје донесе одлука предметот во јавноста познат како „Детонатор“ да го врати на првостепениот суд на понатамошна надлежност.

– Апелацискиот суд Скопје по одржаната јавна седница донесе одлука по предметот во јавноста познат како „Детонатор“ и по завршувањето на жалбената постапка предметот со сите списи денеска да го врати на првостепениот суд на понатамошна надлежност, се наведува во соопштението од скопска Апелација.

Предметот„Детонатор“ опфаќа 15 лица кои се обвинети за обид за убиство, лихварство, изнуда, насилство и недозволено поседување на оружје. Двајца од обвинети не се достапни на органите на прогонот.

Полициската акција почна во март 2012 година во Кочани и Виница, а беше спроведена низ цела Македонија. Со месеци се запленуваа покер апарати и се разрешуваа командири на полициски станици.