Апелација ја одби жалбата на Дамовски и на уште шестмина обвинети за „крвавиот четврток“

Апелацискиот суд во Скопје ги одбил жалбите на седуммина обвинети за настаните од 27-ми април. Шестмина обвинети се во притвор, додека еден од нив, режисерот Борис Дамовски, е во куќен притвор.

Со ова скопска Апелација ги потврди решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

На мерката куќен притвор се жалеше режисерот и еден од организаторите на здружението „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, кој е еден од осомничените за „крвавиот четврток“. Според денешната одлука на Апелација, жалбата му е одбиена и останува во куќен притвор.