Апелациja ja одби жалбата на СЈО за притворот на Г.Г.

– Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбите на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) и на осомничениот Г.Г. изјавени преку неговите бранители против решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција од 01.04.2016 година при овој суд, донесе решение со кое истите се отфрлаат како недозволени, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Во образложението на решението на скопскиот Апелациски суд стои дека решението на Кривичниот совет на првостепениот суд КИОК-КС бр.39/16 од 01.04.2016 година не е донесено во прв степен за да по истото биде дозволена жалба до повисокиот суд, оттука првостепениот суд погрешно ги ценел и применил одредбите од членот 169 од ЗКП.

– Со ова решението на Основен суд Скопје 1  – Скопје станува правосилно со што ќе биде издадена наредба осомничениот Г.Г.  да биде префрлан во куќен притвор, се наведува во соопштението.