Апелација ја потврди казната за напаѓачот на Дедо Љубе

Апелација ја потврди затворската казна за 28-годишниот Борче Иванов, еден од двајцата насилници кои влегоа во куќата на дедо Љубе и го нападнаа.

Како што пишува весникот Дневник, Иванов негирал дека го тепал старецот, додека неговите адвокати изјавиле дека убиениот разбојник Зоран Златанов и дедо Љубе се познавале од претходно. Наводно имале должничко-доверителни проблеми, а Борче само се нашол во ситуацијата.

Тој заедно со убиениот разбојник влегол во куќата на старецот и додека ја малтретирале неговата сопруга, тој се симнал во подрумот, ја земал сачмарката и испукал куршум со кој го усмртил Златанов.

Инаку, според пресудата, Иванов ќе одлежи осум години затвор.