Апелација пресуди, 2 години затвор за Бучковски

Апелацискиот суд им изрече затворски казни на поранешниот премиер Владо Бучковски и на ексначалникот на Генералштабот на АРМ, Методи Стамболиски, поради случајот со набавките на тенковски делови, пишува Утрински весник. Со тоа, повисокиот суд им ги намали казните на Бучковски и на Стамболиски, кои им беа изречени во првостепена постапка, од три на две години затвор.

Апелацискиот суд ја преиначи одлуката и во однос на другите обвинети во случајот во оснос на кривичните санкции кои ги ги изрече првостепениот суд. Па така, на Ацо Ѓурчевски, поранешниот државен советник во Министерството за одбрана и на Нелко Менкиновски, како и на директорот на МЗТ ФОБ Митре Петковски наместо затворски, им се изречени условни казни. “На обвинетите им се изрекува алтернативна мерка – условна осуда во која за секој од нив пооделно се утврдува казна затвор во траење од по една година која нема да се изврши доколку тие во време од 3 години по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело”, соопшти судот.

Првостепениот суд претходно на обвинетите во случајот “тенковски делови” им изрече вкупна затворска казна од 13 години.. Според обвинението, Бучковски, Стамболиски, Менкиновски, Ѓурчевски и Петковски ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови “Т55” и го оштетиле буџетот за над 2 милиона евра. По објавување на пресудата, Бучковски, кој за истото дело во 2008 година беше осуден на 3,5 години затвор, по што случајот беше вратен на повторно судење, е со реакција дека станува збор за скандалозна одлука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.