Апелациски суд ги ислуша ставовите за и против Указот на Трамп за имиграцијата во САД

апелациски

Одлука дали ќе остане во сила одлуката на суд од пониска инстанца со која се блокираше спроведување на тој указ, ќе биде донесена во оваа недела.

Ислушувањето траело повеќе од еден час, а аргументите на Трамп ги пренесе преку телефон претставник од Министерството за правда.

Федерален суд во Сиетл се спротистави на Указот на Трамп со што беше блокирана неговата примена.

Спротивата позиција ја претстави заменик генерален обвинител на држават Вашингтон, Ноа Персел кој се обиде да ги убеди судиите дека Указот на Трамп е неуставен и дискриминациски.