Апелацискиот суд денеска одлучува дали 1.000 „бомби“ ќе бидат доказ за „Титаник“

По жалбата на СЈО откако Кривичниот суд на 20 октомври ги отфрли „бомбите“ како доказ за „Титаник“, вчера Апелацискиот суд Скопје одржа јавна седница, објавува мкд.мк.

Во овој случај за изборни измани обвинети се Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протуѓер…

За одбраната ако Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО, ќе направи срамно зло до степен на срам, непочитување на Кривичниот законик и на Законот за следење на комуникации. Адвокатите на обвинетите велат дека со евентуалното прифаќање на прислушуваните материјали како доказ во овој случај сериозно ќе биде нарушен принципот на владеењето на правото, кој е вграден во Преамбулата на Европската конвенција за човекови права.

На вчерашната јавна седница присуствуваа и Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска кои рекоа дека се жртви на прислушувањето и побараа бомбите да не бидат доказ, зашто ќе се создаде правна несигурност.

Има конкретна пресуда на Европскиот судот за човекови права, во случајот на „Госпоѓата А против Франција“, каде предмет на заштита е самата комуникација, а не нејзината содржина и содржината е сосема ирелевантна, без оглед што содржат некои разговори. Судот во ниту еден случај не би смеел да заснова судска одлука на така прибавени докази. И во пресудата во случачајот „Нимиц против Германија“, каде за луѓето кои вршат јавни професии, судот констатира дека е невозможно да се направи дистинкција помеѓу јавните и приватните разговори, зашто таа комуникација е испреплетена и затоа секоја комуникација без оглед на што се однесува, ја ужива заштитата од членот 8, рече Јанкулоска.

За СЈО нема дилеми. „Овие 1.063 ‘бомби’ содржат комуникација на обвинетите. Ниту еден разговор од овие 1.063 не е на штета на приватниот живот на обвинетите. Тоа е комуникација меѓу Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Никола Груевски кои не смеат да бидат третирани како приватни разговори. Никола Груевски користи кратенки и ги предупредува соговорниците да користат кратенки што укажува на тоа дека му било познато дека го прислушуваат“, рече специјалната обвинителка Лиле Стефанова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.