Македонија

Апелацискиот суд ја потврди пресудата за случајот „Агент“

Апелацискиот суд ја потврди пресудата за случајот „Агент“
Апелацискиот суд ја потврди пресудата за случајот „Агент“, според која поранешниот разузнувач  Слободан Богоевски, адвокатот Владо Пешликоски и претставникот на „Меркатор“, Митја Валиќ, се осудени на две години затвор. Три години робија е потврдената казна за адвокатот Васко Томановиќ кој одговара за финансиски малверзации.
Повисокиот суд ја потврди и двегодишната условна казна на последнообвинетите кои нема да завршат зад решетки ако во наредните 4 години не сторат ново кривично дело.
Шесттемина обвинети се товарат дека со лажни фиктивни договори и фиктивни фирми ќерки на кипарски „Централ балкан инвестмент“ и словенечки „Меркатор“ переле пари.
Обвинетите го негираа обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на земјиштето во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација.