ОН апелира да прекинат воените злосторства во Сирија

Државите ангажирани во мировниот процес во Сирија треба да ги натераат завојуваните страни да ги запрат нападите врз незаконски цели, како што се болниците, изјавија денеска претставници на Обединети нации.

Комисијата на ОН за истраги во Сирија соопшти дека од исклучителна важност државите, кои се стремат кон мирно уредување на конфликтот, да го натераат завојуваните страни да го заштитат цивилното население. Комисијатра додава дека продолжуваат воздушните и артилериските напади врз цивилните региони.

– Непочитувањето на законите на војната треба да има последиви за прекршителите, изјави претседателот на Комисијата Пауло Пинеиро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.