Аплицирајте за стипендии во Словенија

Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека во тек е конкурс за доделување на 2 стипендии за едносеместрално изучување на словенечкиот јазик и 18 стипендии за 3 до 6 месечно студиско усовршување на високо образовните установи во Република Словенија, за академската 2015/2016 година.

Сите подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и обрасци за аплицирање, може да се најдат на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството за образование и наука на Република Македонија, www.stipendii.mon.gov.mk

Апликациите во писмена форма се доставуваат до Министерството за образование и наука – ул. “Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје.

Краен рок за аплицирање е 28 февруари 2015 година.