Апликација за вежбање открива чувствителни податоци на САД во воените зони

Мапа којашто го прикажува патот по кој се движат корисниците на апликацијата за следење на физичко вежбање открила потенцијално чувствителни информции за американскиот и сојузничкиот воен персонал во воените зони, како Ирак и Сирија.

Додека некои воени бази им се добро познати на групите коишто можеби имаат планови да ги нападнат, мапата покажува и нешто што изгледаат како рути по коишто се движат силите кога се надвор од своите бази, а таквите информации може да се користат при планирањето на напади и поставувањето заседи.

Мапата, којашто ја изработила компанијата за апликации Strava Labs, го покажува движењето на корисниците на апликацијата ширум светот означувајќи го интензитетот на активностите на таа патека односно „директна визуелизација на глобалната мрежа на атлетичари на Strava Labs“, појаснува компанијата.

Рутите се исцртани над големи делови од некои земји, но во други поедини локации се истакнуваат. Така, мапата на Ирак претежно е во темнина, што покажува дека Strava таму малку се користи, со ретки исклучоци: добро познати воени бази во коишто се сместени американски и сојузнички сили во рамките на борбата против џихадистичката Исламската држава. Тие бази се исцртани до детали, а станува збор, на пример, за Таџи северно од Багдад, каијарах јужно од Мосул и Ал-Асад во покраината Анбар.

На северот и западот од Ирак се појавуваат и помали локации што укажува на помали и помалку познати воени постројки. Означени се и делници од патишта, што значи дека корисниците ги држат постојано отворени апликациите и додека патуваат потенцијално откривајќи детали за вообичаените рути на движење.

Во Авганистан интензивна активност се забележува во областа на воздухопловната база Баграм, северно од главниот град Кабул, како и на уште неколку локации на југот и на западот од земјата.

Безбедносниот аналитичар Тобиас Шенејдер вели дека мапата открива и воени позиции во Сирија и во Ирак, како и базата Мадама којашто ја користат француските сили во Нигер.

Американските сили се распоредени и како поддршка на локалните сили кои се борат против Исламската држава во Сирија, како и во Ирак, додека руските и ирнските сили се распоредени како поддршка на силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Шенејдер вели дека се означени и некои локации коишто ги користат Русите, но не и ние коишто ги користат Иранците.

„Базите се на едно место и тешко може да се сокријат, па најголема понтецијална закана доаѓа од следењето на движењето“, вели експертот.

Американското министерство за одбрана објави дека ја преиспитува ситуацијата.

„Објавените податоци покажуваат дека е потребно да се има свесност за ситуацијата кога припадниците на воените сили ги споделуваат личните информации“, вели за агенцијата AFP полковничката Одрисија Харис, портпаролка на Пентагон.

„Министерството за одбрана на ваквите работи гледа многу сериозно и ја разгледува ситуацијата за да се утврди дали се потребни некакви дополнитени обуки или упатства и дали треба да се воведе некоја дополнителна политика за да се осигури воениот персонал да биде безбеден во земјата и во странство“, вели Харис.

Додава дека Пентагон „препорачува ограничување на пристапот на јавноста до профилот на интерент вклучително и личните профили на социјалните мрежи“.

Од Strava Labs, пак, наведуваат дека корисниците на апликацијата може самите да одредат нивните податоци да не влезат во мапата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.