Апокалипсата доаѓа на 19-ти ноември

Експерите од областа на езотеријата продолжуваат да инсистираат на верзијата дека планетата Земја ќе биде уништена од планетта Нибиру. Апокалипсата доаѓа на 19-ти ноември 2017 година, тврдат нумеролозите кои го откриле датумот на Судниот ден.

Претходно познатиот научник од оваа област Дејвид Мид тврдеше дека Земјата ќе исчезне на 23-ти септември 2017 години, но очигледно тоа не се случи. Сега неговите следбеници и поддржувачи тврдат дека ја пронашле грешката во пресметката којашто му се поткраднала на Мид.

Езотеричките експерти продолжуваат да ја поддржуваат верзијата дека за уништувањето на Земјата ќе биде виновна планетата Х или Нибиру. Таинствената планета е невидлива за телекопските леќи, но астрономите постојано возвраќаат со докажување за нејзиното присуство во Сончевиот систем.

Конспиролозите тврдат дека точна на 19-ти ноември 2017 година ова вселенско тело ќе ѝ се приближи на Земјата и ќе го уништи целиот живот на неа. Првичниот датум за катастрофата беше одреден на 21-ви јули 2017 година.

 

Заталканата планета од која потекнува човештвото

Нибиру, позната и како „Планетата Х“, е вселенско тело чиишто маса, димензии и гравитацоно поле неколкупати го надминуваат оние на Земјата. Некогаш таа се вртела околу ѕвезда слична на Сонцето во нашиот систем. Но таа ѕвезда згаснала, нејзината орбита се стеснила, а центарот на нејзиното ротирање станало Сонцето и траекторијата на нејзиното движење почнало да се одвива на работ од Сончевиот систем. Како резултат на тоа во нашиот систем се појавила 10-та планета, којашто речиси е невозможно да се забележи поради нејзината импресивна оддалечност од Сонцето и од Земјата, тврдат поборниците на оваа теорија.

Научниците со десетици години наназад се во потрага по оваа митска планета, а од неодамна започнаа да се појавуваат многу повеќе информации за нејзиното наводно откривање. Покрај тоа, поддржувачите на теоријата за нејзиното постоење велат дека дел од орбитата Нибиру се наоѓа на опасна близина до Земјара и оти поради тоа може да се случи судир меѓу двете планети со кататрофални последици.

Привите споменувања на Нибиру во современата наука се дојдени од записите на Сумерите, древните жители на јужна Месопотамија. Тие шематски го прикажале нашиот Сончев систем со десет палнети, а така и ја опишале десеттата планета и ѝ ја нацртале орбитата. Според преданијата останати од древните народи на Блискиот истои, Нибиру е населена со високо развена цивилизација – Анунаки, кои Сумерите ги сметале за деца на боговите. Некои конспиролози велат дека токму припадниците на цивилизацијата Анунаки ја населиле Земјата со луѓе поради нејзината натамошна колонизација, мешајќи ги своите гени со гените на мајмуните.

 

Какви ќе бидат последиците од Нибиру

Според последните податоци коишто ги објавија научниците кои ја поддржуваат оваа теорија, „Планетата Х“ незапирливо се приближува кон Земјата, постепено забавувајќи ја брзината на нејзиното ротирање околу својата оска за околу 1 степен на ден. Како разултат на отклонот на оската на роација Земјата ќе се измести, што од своја страна ќе доведе до промена на нејзините полови. Тие фактори ќе предизвикаат многу остри и опасни природни промени кои се закануваат со истребување на целото човештво, како што се: Топењето на глечерите, во светскиот океан; Огромни цунами бранови со височина до 60 метри од кои спас ќе биде можен само на високите места; Земјотреси со магнитуди над 11 степени ќе ја разнишаат површината на Земјата; Ќе започнат масивни вулкански ерупции, дури и на оние кои се сметаат за неактивни; Ќе се формираат најсилните бури у урагани со брзина на ветриштата до 400 километри на час. Голфската струја ќе престане со својот тек, поради што ќе започне леденото доба.

Доколку ваквите претпоставки се потврдат или остварат, тогаш јасно е дека на човештвото му се заканува исчезнување. Притоа, според некои процени околу две третини од населението на планетата ќе загине веднаш во катаклизмата, а преостанатите во текот на следните неколку месеци.

Испитувајќи го критичното приближување на орбитите на двете планети, како и потпирајќи се на предвидувањето на древните Сумери, дел од научната заедниџа не ја одрекува можноста од судир на Земјата со митската планета, која е многу поголема спиред своите димензии.