Апостолов: Граѓаните на Неготино на референдум да се изјаснат за прашањето за бегалците

Нашиот глас да го слушне премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, бидејќи 8 ќе дојде за некој ден, посочи Апостолов.

Градоначалникот на општина Неготино, Ванчо Апостолов на денешната собраниска седница истакна дека од него било побарано до 8 овој месец да се произнесе за Националната стратегија и акцискиот план за бегалци.

Изрази незадоволство поради тоа што оние кои ја предлагаат Националната стратегија ги нема да ги слушнато граѓаните.

Република Македонија нема ниту потенцијал, ниту капацитет за вакво нешто, истакна Апостолов, додавајќи дека петсто или илјада мигранти само би ги зголемиле проблемите на жителите во општина Неготино.

„Нашиот глас да го слушне премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска, бидејќи 8 ќе дојде за некој ден“, посочи Апостолов.

Побара во неговата општина да се организира референдум, па граѓаните непосредно да се изјаснат по ова прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.