Магазин

Apple го претстави најновиот iPhoneX

Apple го претстави најновиот iPhoneX

Американскиот технолошки гигант Apple на презентацијата во вторникот во „подземниот театар на Стив Џобс“ во „Apple Park“ во Санта Клара во сојузната американска држава Калифорнија го претстави најновиот производ водечкиот паметен телефон кој ја доби ознаката iPhone X.

Новиот IPhone остана без оригиналното копче Home и доби дисплеј OLED без рамки кој целосно го зафаќа целиот фронт на уредот, со резолуција 1436 на 1125 пиксили и дијагонала од 14,7 сантиметри. Уредот е опремен со двојна камера со 12 мегапиксели со напреден „портретен режим“ која дава слика со таква јаснотија којашто, на пример, во очите на фотографираниот човек може да се види сликата на фотографот. Камерата овозможува да се креираат анимирани знаци – емоти, репродуцирајќи го изразот на лицето на сопственикот.

Уредоте е снабден т може да се види , со најновиот процесор А11 и иновативниот графички чип. За комуникацијата со „надворешниот свет“ уредот го користи излезот Lightning. Како и претходниците, и кај IPhone X е изоставен 3,5 милиметарскиот приклучок за слушалки.

За двете верзии на IPhone X во Apple разработија нов систем за идентификација, преку сензорот за 3Д скенирање на лицето. Отсега отклучувањето ќе се врши преку FaceID, технологија за препознавање на ликот на сопственикот, за што ќе биде потребно само неколку секунди, што му овозможува на сопственикот да го деблокира уредот и да влезе во менито без чекање. Благодарејќи на инфрацрвениот сензор, функцијата за препознавање на ликот ќе функционира и во целосна темница. Face ID, исто така, ќе може да се користи за купување.

Батеријата на уредот без полнење ќе работи 2 часа подолго отколку кај претходните модели iPhone7. Компанијата, исто така, претстави дека смарфонот може безжично да се полни преки уредот AirPower, кој е способен за полнење на неколку уреди устовремено.

Цената на најевтината верзија на iPhione X со меморија од 64 гигабајти ќе изнесува 999 американски долари а капацитетот ќе изнесува до 256 гигабајти. Нарачките на овој паметен телефон ќе бидат можни од 27-ми октомври, а испораките и продажбите во малопродажната мрежа ќе започна на 3-ти ноември годинава.

Развојот на паметниот телефон од премиум класата беше очекувано изненадување за важниот датум, имено Apple годинава одбележува 10-годишнина од појавата на првиот iPhone во продажба. Презентацијата се одвиваше во салата именувана во чест на основачот на компанијата Стив Џобс, кој почина во 2011 година, на 56-одишна возраст, во неодамна отворениот кампус „Apple Park“ во Купертино.

Apple во вторникот, покрај јубилејниот, претстави уште два нови модела – iPhone 8 и iPhone 8 Plus, коишто исто така се побрзи и помоќни од досегашните модели, не сметајќи го iPhone Х. Двата ќе се најдат во продажба од 22-ри септември, по цени од 699 и од 799 долари. И овие модели ќе може да се полнат безжично.