Апсења во Гостивар поврзани со акцијата „Чекан“

Во акција на Секторот за организиран криминал синоќа во Гостивар уапсени се повеќе лица. Според првичните информации, меѓу нив има полицајци од кои еден е поранешен командир на гостиварската полициска станица, јавува МИА, пренесува Нетпрес.

Од МВР потврдуваат дека спровеле акција и оти има приведени, но не откриваат за кого точно станува збор и зошто се осомничени. Повеќе детали најавуваат за денеска.

Според првичните информации, станува збор за лица кои се вмешани во активности поврзани со неодамна спроведената акција „Чекан”. Тогаш беа приведени нотари, лихвари и извршители, осомничени за „злосторничко здружување“, „изнуда“, „лихварство“ и „перење пари“. Полициските информации велат дека осомничената група дејствувала на подрачјето на западна Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.