Апсења во Италија поради местење

Нов скандал со наместени натпревари е откриен утринава на Апенинскиот полуостров.

Сите италијански медиуми излегоа со информација дека се приведени седум лица од раководството на тамошниот второлигаш Катанија. Меѓу нив е претседателот на сицилијанскиот клуб Антонио Пулвиренти, административниот директор Пабло Козентино и главниот менаџер Даниеле Дели Кари.

Според обвиненијата, шефовите на Катанија договорале натпревари во Серија Б за да го спасат тимот од испаѓање. Се претпоставува дека во прашање биле мечеви на други екипи бидејќи Катанија во последните пет кола освои само два бода. На крајот, тимот од Сицилија се спаси од испаѓање и заврши на 15-то место во Серија Б, со два бода повеќе од Модена која играше плеј оф за опстанок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.