ВИДЕО: Апсењето во антитерористичката акција „Ќелија“

Апсењето во антитерористичката акција „Ќелија“
Апсењето во антитерористичката акција „Ќелија“

Девет лица се приведени во најновата акција на МВР во која е сузбиена група поврзана со терористички структури од Сирија и други боишта.

Тие учествувале во странски војски, паравоени и параполициски формации или врбувале и ангажирале лица преку социјалните мрежи и друга комуникација.

Уапсен имам- идеолог на исламскиот фундаментализам

Во акцијата е уапсен и имамот на џамијата Тутунсус, за кој се смета дека е еден од идеолозите, а неговата активност во процесот на регрутација дополнително ќе се утврдува.

Дел од уапсените се повратници, односно веќе учествувале во војните во Сирија и Ирак, а речиси сите зад себе имаат криминално досие.

Сите уапсени се македонски државјани, но од различна националност.

 

Поврзана вест:

Уапсени 9 лица кои регрутирале борци за во Ирак и Сирија. Во антитерористичката акција „Ќелија“ спроведена во 3:30 по полноќ полицијата уапси девет лица, а над дваесет се осомничени за учество во војните во Сирија и Ирак, како и за регрутација на борци за овие боишта.