Апсење на аеродромот „Александар Велики“: Со фалсификувани документи сакал да лета за Швајцарија

Дваесет и шестгодишен државјанин на Косово е уапсен во неделата на скопскиот меѓународен аеродром „Александар Велики“, откако било утврдено дека сакал да отпатува во Швајцарија користејќи фалсификувани исправи.

Инцидентот се случил на граничниот премин Аеродром „Александар Велики“ Скопје во неделата во 13 часот на излез од Република Македонија, на кој се пријавил Т.Х. (26) од Косово.

По извршената пасошка контрола и проверка во општата евиденција утврдено било дека влез во Македонија остварил дента на граничен премин „Табановце“ и му бил побаран документ со кој би можел да оствари влез во Швајцарија каде што сакал да патува. Тој приложил италијанска лична карта за која униформираните полициски службеници се посомневале дека е фалсфикувана односно во серискиот број првиот број бил сменет.

Врз лицето бил извршен личен преглед и преглед на багажот, при што во неговиот паричник се пронајдени италијанска возачка дозвола и италијанска здравствена легитимација кои, исто така, биле фалсификувани.

Од извршениот разговор било утврдено дека горенаведените италијански документи се фалсификувани, а тој ги купил од непознато лице во Република Албанија за сума од 500 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.