Апсење на Институтот за белодробни заболувања и туберколоза

Финансиската полиција ја уапси Л.Н(51), вработена како благајничка на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „Проневера во службата“ казниво според член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија, пишува порталот Прес 24.

По добиената дојава од менаџментот на Институтот дека се сомневаат во висината на остварените приходи од дадените услуги на пациентите, Управата за финансискиа полиција спроведе предистражна постапка и изврши детална контрола на книговодсвената документација и жиросметката со која располага Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза од Скопје при што констатираше дека на сметката на Институт фалат околу 70000 евра, пари од уплатената партиципација од пациентите.

Според податоците до кои дојде Финансиската полиција во текот на истрагата, сега веќе уапсената благајничка од нејзиното назначување за благајник во Институтот во средината на 2010 година па се до нејзиното апсење, во континуитет, паричните средства наплатени од пациентите на Институтот кои и биле предавани од шалтерските работници, наместо да ги уплати на банкарската сметка, истите си ги присвојувала и си ги трошела за себе овозможувајќи си притоа луксузен живот.

По извршената споредба на фискалната каса и уплатите на банкарската сметка, констатирано е дека во изминатите 5 години, уапсената во определени денови кога имала потреба од поголема сума на пари, си го присвојувала целиот дневен промет на Институтот, а за да ги затскрие трагите на сторениот криминал и да ја префрли вината на другите вработени во Институтот, ја криела и уништувала книговодствеата документација.

Заради челосно расчистување на случајот, по наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје, во домот на благајничката од страна на Финансиската полиција извршен е претрес при што беа пронајдени поголем број на каса-прими обрасци од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кои се изготвувани при примопредавањето на паричните средства од наплатената партиципација од пациентите помеѓу шалтерските рабоници и сега уапсената благајничка. Во текот на претресот во актовка во домот на осомничената пронајдена е и интерната книга во која биле забалежувани примопредавањата на дневниот промет собран од пациентите а која од неодамна исчезнала од просториите на Институтот.

Материјалите откриени при претресот и другата обезбедена документација веќе се доставени до Јавното обвиниелство на Република Македноија со цел нивно користење во истражната постапка која е во тек.

По извршениот распит, судијата на претходна постапка на пријавената и одереди мерка притвор во траење од 30 дена.

Финансиската полиција продолжува со контрола на работењето на пријавената и пред 2010 тата година односно ќе го испитува и периодот кога пријавената работела на работно место шалтерски работник и имала директен контакт со парите на пациентите.