Апсење на исламисти во Кина

Кинескиот суд осуди 22 лица на затворски казни меѓу кои и имами, рекавши кои се „екстремисти“ бидејќи на незаконски начин проповедале во регионот Ксинанг, домот на муслиманското малцинство Ујгури.

Според агенцијата „Чајна њуз сервис“, изречени се пресуди со затворски казни во траење од 16 до 22 години за 22 осуденици.

Осудени и мисионери

Се наведува дека покрај имамот на затворска казна се осудени и муслимански мисионери кои обавувале верски активности по што се тргнати од своите позиции, како и лица кои го прекршиле законот за време на обавување на должноста.

Исто така, пренесуваат и дека останатите обвинети за изразување на „расна омраза“ и употребата на „митови“ како мотивација за кршење на законот за започнување на конфликти и подигнување на тензиите.

Светската ујгурска конференција го осуди обвинувањето изнесено против имамот и мисионерите- рекаваши како репресија имаат за цел целосно одзем ање на правата на ујгурскиот народ.

Колективна пресуда

Колективните пресуда станале многу раширена појава во Ксинанг и многу често можат да се видат на телевизиските преноси од судења во судници полни со луѓе.

Организациите за човекови права велат дека колективните судења и пресуди го скратува правото на обвинетите на регуларното судење.

Во септември, судот го осуди на доживотен затвор еден од најистакнатите борци за човекови права во Ујгур во судски процес кој предизвикал критики на Западот меѓу групите за човекови права.