Апсење на нарко дилери во БиХ

Припадниците на Агенцијата за истрага и зашита на Босна и Херцеговина (СИПА) изутринава почнаа акција наречена „Оскар“, во рамките на која на подрачјето на Сараево, Зворник и Бихаќ во тек е апсење на осум лица поради нелегална трговија со дрога.

Апсењата се спроведуваат поради постоење на основано сомневање дека тие извршиле кривично дело организиран криминал, во врска со нелегален промет на дрога, а во тек се претреси на објекти на десет локации.

Активностите на теренот се реализираат во соработка со припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, полицијата на Кантонот Сараево и на Унско-санскиот кантон.

Лицата кои се апсат се осомничени дека како припадници на организирана криминална група континуирано од јуни до декември 2014 година вршеле неовластен промет на хероин и сканк од БиХ во Србија.