Апсење на турски градоначалници и службеници

Под обвинение дека вршеле пропаганда за Курдската работничка партија неколкумина градоначалници и општински службеници во југоисточниот дел на Турција за кратко биле приведени.

Во понеделникот ноќта биле притворени градоначалниците на Казалтепе, Исмаил Аса и Лејла Салман, на градот Батман, Ѓулистан Акел и повеќе службеници од кабинетот на Акел. Тие биле приведени под обвинение дека поттикнале кампања за ослободување на лидерот на ПКК, Абдулах Ѓул, кој се наоѓа во затвор. За осомничените постоел и сомнеж дека поддржуваат терористичка организација и возвишуваат криминалец.

По извршеното сослушување сите приведени биле ослободени.