Балкан

Апсење поради палењето на институции во Сараево

Апсење поради палењето на институции во Сараево

Едно лице е уапсено поради сомневаање дека во текот на протестите во Сараево учествувало во палењето на згради Претседателството и Архивата на Босна и Херцеговина на седми февруари.

Осомничениот е уапсен поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело тероризам во врска со кривично дело напад на уставниот поредок.

Лицето било приведено од припадници на Федералната управа за полиција, постапувајќи по налог на Обвинителството на БиХ.

Во тек е извршување на наредба на Судот на БиХ, по кој што се вршат претреси на повеќе локации на подрачјето на Кантонот Сараево, со цел пронаоѓање на предмети кои може да послужат како докази во оваа кривична постапка, соопштила полицијата, пренесува новинската агенција Фен.