Апсење за геноцидот во Сребреница

Поранешен висок офицер на војската на босанските Срби и уште двајца припадници на Војската на Република Српска се уапсени во средата по налог на Обвинителството на Босна и Херцеговина кое ги товари за геноцидот во сребреница, како и за етнички прогони на бошњачкото население во други делови на источна Босна.

Од државното обвинителство во Сараево потврдиле за медиумите дека бо Хан Пијесак и Власеница во утринските часови се уапсени 64-годишниот Миле Косориќ, воен заповедник на Власеничката бригада на Војската на Република Српска, 43-годишниот Раде Гариќ кој во истата бригада бил началник на интервентниот вод и 54-годишниот Мимчило Тешиќ, поранешен воен полицаец.

Против нив се водела истрага поради учество во убиства на поголема група Бошњаци од Сребреница. Во местото Лука кај Власеница од конвој во кој биле цивили кој ја напуштале Сребреница по падот на енклавата во јули 1885 година припадниците на бригадата со која командувал Косориќ издвоиле поголема група луѓе кои потоа ги стрелале. На тој начин биле ликвидирани најмалку триесетина цивили.

Телата на убиените по војната се пронајдени во масовна гробница кај селото Мршиќи.

Против Гариќ се водела и дополнителна истрага поради воени злосторства сторени во периодот од 1992 до 1995 година на подрачјето на Власеница, а станува збор за убиства, злоставувања и силувања, кои над бошњачките цивили ги сториле припадници на босанските Срби.

Од подрачјето на оваа општина во текот на војната прогонети биле сето бошњачко население,. Убиени биле повеќе од 1.700 цивили, а по посмртните останки на уште 500 жртви сѐ уште се трага.

Косориќ и Тешииќ обвинителството ги товари за геноцид, а Гариќ за злосторство против човечноста.